Хрватска: Се затвораат шест училишта, во 117 нема ниту едно прваче
- Последиците од масовното исселување и се помалиот број новородени се видливи во Хрватска пред почетокот на училишната година, бидејќи шест основни училишта се затвораат затоа што нема ученици, а во 117 училишта нема ниту еден ученик запишан во прво одделение, објави порталот Индекс.
Според привремените податоци, кои порталот ги добил од Министерството за наука и образование, во училишната година 2018/2019 настава нема да се одржува во шест подрачни училишта во кои нема ученици, а две се затвораат бидејќи се селат во новоизградени објекти.
Порталот Индекс оценува дека е алармантен податокот шо оваа училишна година во 117 училишта не е запишан ниту еден нов ученик.
Доколку се пресметува процентот на училишта во кои нема ученик во прво одделение, тогаш тоа е 9,5 отсто, навеле од хрватското Министерство, со напомена дека некои училишта во кои нема ученици од прво одделение ќе продолжат со работа, бидејќи таму има ученици во второ, трето и четврто одделение.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд