Хрватска: Зголемување на цените на градинарските производи до 100 отсто
Силниот пролетен мраз, повеќемесечната суша, многубројните и разорни пожари, поплавите, ќе доведат до зголемување на цените и овошјето и зеленчукот во Хрватска и до 100 отсто.
Сите овие елементарни непогоди кои се нижеа во Хрватска во 2017 година, го донесоа неславниот епитет - година на елементарни непогоди, пишува денеска „Глас Славоније“.
Реакција на сето ова е зголемување на цените, па произведувачите на овошје и зеленчук во Хрватска најавија дека ќе бидат принудени драстично да ги зголемат цените, што за одредени производи ќе значи и цена поголема и за 100 отсто.
Со оглед на сето ова, од Хрватската земјоделска комора наведуваат дека најлошо ќе минат произведувачите кои се специјализирани за само една култура, додека најдобро ќе биде за оние кои одгледуваат разновидни култури, бидејќи ќе можат да ги урамнотежат приходите.
Ново на Сител
-
Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата
-
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско
-
Ангелов: Пожарот во Косел е реактивиран
-
Исчезнатата Клара е најдена
-
Експлодира мина во српската фабрика Крушик: Осум лица се повредени, од кои едно потешко
-
Ангелов: Од 40 пожари во последните 24 часа моентално активни се девет
-
Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Стражa, сообраќајот целосно во прекин
-
Мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип