Хрватскиот премиер го разреши уапсениот министер Хорват
Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ вчера го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање.
Информацијата за весникот „Јутарњи лист“ ја потврдил портпаролот на хрватската Влада.
Адвокатот Владимир Терешак, кој го застапува уапсениот Хорват, претходно изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор.
Тој пред новинарите во Загреб изјави дека Хорват активно се бранел пред истражителите на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) повеќе од еден час, а УСКОК побарал притвор за кој вечерва ќе одлучи истражен судија од загрепскиот Жупаниски суд.
Адвокатот рече дека Хорват е обвинет за злоупотреба на положба и овластувања, односно дека на одредени фирми кои се пријавиле на конкурс без тендерска документација им било дадено право на првенство, што министерот го негира. Тој рече дека за сè се задолжени сите стручни служби на министерството.
Случајот, како што рече, опфаќа неколку лица, а произлегува од друг случај во кој еден од осомничените е и неговата поранешна помошничка Ана Мандац. Таа поднесе оставка откако беше осомничена за проневера со поранешната државна секретарка Јосипа Римац.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
