Хрватските Евреи ја бојкотираат церемонијата за спомен на Холокаустот

Хрватската еврејска заедница ја бојоктира официјалната церемонија за Холокаустот со образложение дека конзервативната Влада не прави доволно за спречување на пронацистичките пројави во Хрватска.
Лидерот на Хрватската еврејска заедница Огнен Краус изјави дека одлуката за бојкот била донесена откако властите не ја отстраниле спомен плочата од концентрациониот логор во Јасеновац. На спомен плочата е поздравот на усташите „За дом спремни“ (за Дом подготвени). Во Јасеновац од 1941 до 1945 година убиени се десетици илјади Евреи, Срби, Роми и Хрвати антифашисти.
Усташкиот поздрав беше напишан на спомен плочата во Јасеновац во спомен на хрватските борци кои загинаа во војната за независност во 90-тите години од минатиот век.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека тоа прашање е деликатно.
Државна делегација денеска положи венец на еврејските гробишта во Загреб.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
