Хуманитарен концерт „СРВ Фест“ во Гевгелија
Четвртиот хуманитарен концерт ,„СРВ Фест“ ќе се одржи вечер во Гевгелија, во чест на гитаристот Ристо Калиников кој пред четири години ја загуби битката со тешката болест, соопштија денеска организаторите од здружението на граѓани „Ристо Калиников“ од Гевгелија.
Организаторите порачуваат дека фестивалот има цел да собира хуманитарни средства за лицата кои имаат потреба од итна финансиска помош. Негова визија е да биде традиционален и преку хуманитарни акции да обезбедува помош за сите лица кои боледуваат од тешки болести исто како што Ристо Калиников беше подготвен секогаш да помогне, да донира, да каже убав збор и да подари прегратка, велат од здружението.
Хуманитарниот „СРВ Фест“ ќе се одржи на градскиот плоштад во Гевгелија и покрај групата „Аквариус“ чиј што соосновач беше Ристо Калиников, ќе настапат Дани Димитровска, Дамјан Пејчиновски трио, ПМС, Мистик, Кросроуд Блуз бенд и други.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени