Македонија
20. April 2017 - 16:38

Хуманитарна акција „Даруваме радост“: Донација за децата во центрите за ран детски развој во Куманово

Училишен прибор, тетратки, боици, кутивчиња, лектирни изданија за децата кои ги посетуваат центрите „Бамби“ и „Сонце“ за ран детски развој во Куманово, донираа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ во Куманово во соработка со општинската организација на кумановскиот Црвен крст, а во рамки на хуманитарната акција „Даруваме радост“.

Донацијата утре ќе биде предадена на учениците од социјален ризик во подрачните училишта во селата Кучкарево и Орашац.

- Нашата цел е да промовираме хуманост да поттикнеме и да негуваме трајни човекови вредности. Децата со голема радост со поддршка на нивните родители даруваа на оние деца на кои најмногу им е потребна помош. Ова е втора година како ја организираме акцијата и ќе продолжиме и наредните години, изјави координаторот на проектот, Анита Димовска.

Виолета Стошевска од кумановската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово, истакна дека станува збор за многу важна оваа иницијатива и изрази надеж дека на овој начин се развива чуството на хуманост уште од најрана возраст.

Секретарот на општинската организација на Црвениот крст Куманово, Бојан Петрушевски изјави дека за дел од децата кои посетуваат центри за ран детски, а кои се во исклучително низок социјален ризик се донираат и други производи, прехранбени и хигиенски пакети, облека, обувки...