ОН: Хуманитарна помош потребна за 80 отсто деца во Јемен
Обединетите нации соопштија дека на околу 80 отсто деца во Јемен им е потребна хуманитарна помош бидејќи државата е погодена од двегодишната граѓанска војна и се соочува со колапс на здравствениот исстем.
- Два милиони деца во Јемен се неухранети и со ризик да заболат од колера, се вели во заедничко соопштение на три агенции на ОН, СЗО, Уницеф и Светската програма за храна.
Агенциите повикуваат меѓународната заедница да ја интензивира поддршката за жителите на Јемен.
Во граѓанската војна во Јемен од март 2015 година загинаа повеќе од 8.000 луѓе, и повеќе од три милиони се бегалци. МКЦК соопшти дека проценките се оти бројот на инфицирани од колера во Јемен ќе биде барем двојно поголем до крајот на годината на повеќе од 600 илјади луѓе, односно дека секој 45 жител од таа држава ќе биде заразен.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст