Хуманитарна помош за настраданите во невремето
На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.
Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помо во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција,...
Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.
Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.
На социјалните мрежи од синоќа ресторани од Скопје нудат топли оброци за жителите од погодените подрачја, а приватни хотели сместување.
И Универзитетот ФОН се приклучи кон акцијата за бесплатно сместување и згрижување на лицата погодени од елементарната непогода.
Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.
Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци - Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување. м
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани