Хуманитарни активности на Македонците од Србија во чест на Тоше

Во организација на Форумот на млади Македонци од Србија викендов во Панчево се одржа хуманитарната акција насловена „Срцето не е камен'' во чест на одбележувањето на роденденот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.
Во Заводот за трансфузија во Панчево, била организирана крводарителска акција, а меѓу донаторите биле и претставниците на македонскиот национален совет на чело со претседателот Борче Величковски, заменик претседател на општината Панчево Милица Тодоровиќ, претседателот на Месната заедница „Јабука“ Слободан Илиќ, како и македонската музичка ѕвезда Даниел Кајмакоски.
Во рамките на посетата на Панчево, Кајмакоски се дружел со своите фанови и го посетил Центарот за афирмација и заштита на македонската традиција.
Вториот дел на манифестацијата бил одржан во клубот „Купе’’ каде покрај Даниел Кајмакоски, настапила и Александра Милутиновиќ. Пред преполниот клуб музичарите ги пееле хитовите од Тоше.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
