Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника
На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.
Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани деца на Клиниката. Членовите на Тимот маскирани во костими на омилените супер херои од цртаните филмови, ќе се спуштаат по јаже и ќе им поделат новогодишни подароци на децата.
Станува збор за традиционална манифестација што секоја година се одржува во пресрет на новогодишните празници.
Во меѓувреме, во 11 часот, од последната автобуска станица број 5 во населбата Лисиче ќе почне хуманитарната поворка „АТВ/УТВ Дедомразовци“. Конвојот со мотори четирицикли ќе се движи низ Ново Лисиче, Аеродром и Центар, за да стигне до Детската клиника, каде што ќе им подели новогодишни пакетчиња на дечињата од Детската клиника.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен