Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот

Заменик-министерот за надворешни работи на владата на проиранската јеменска милитантна група Хути, Хусеин ел-Ези денеска предупреди дека Хутите би можеле да ја затворат теснината Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да го нарушува мирот.
„Ако одлучиме да го затвориме Баб ел-Мандеб, тогаш целото човештво ќе биде целосно немоќно да го отвори. Затоа, најдобро е Трамп и неговите соучесници веднаш да ги запрат сите активности и политики што го попречуваат мирот и да покажат потребното почитување кон нашиот народ и нација“, објави Хусеин ел-Ези на својот Икс профил, пренесува Ал Џезира.
Баб ел-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и е клучна пловна рута за трговската флота што плови во насока на Суецкиот канал.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
