Фудбал
25. November 2016 - 14:11

И Барселона во трка за Ивановиќ

Иако го поврзуваа со Интер, српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ е на мета и на Барселона пишува шпански „Гол“. 

Популарниот Бане има мала минутажа во Челзи откако Конте ја смени формацијата а од друга страна Луис Енрика  нема многу доверба во Видал па за него капитенот на Србија е добро решение бидејќи има големо искуство и во европските купови. Според „Гол“ Ивановиќ е и многу поефтин од останатите играчи како Лихтенштајнер и Срна бидејќи бргу му истекува и договорот со Челзи.