И Дачиќ против формирање на преодна влада пред изборите во Србија
Шефот на српската дипломатија и лидер на владејачката Социјалистичка партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ се спротивстави на предлогот од опозицијата за формирање преодна влада, истакнувајќи дека тие се формираат само во тешки политички кризи, која во Србија ја нема.
Дачиќ за РТС изјави дека најавите за бојкот на изборите не претставуваат голема политичка криза и дека опозицијата нема поддршка за тоа ниту во меѓународната заедница.
– Слушајте, преодните влади се формираат поради тешка политичка криза. Каква политичка криза имаме ние во Србија? Тоа е кога клуб од мојота Житораѓа ќе ја бојкотира средбата со Барселона и од тоа би се правел светски проблем, истакна Дачиќ.
Тој наведе дека изборните правила ги пропишале демократите (ДС) и праша како порано тие правила им беа добри, а сега не се.
– Не дека сум против (идејата за преодна влада и бојкот), туку сум против за ова да се придава големо значење. Ниту една од западните земји не го поддржува бојкотот. Изборите се редовни и кој сака да учествува, нека учествува, додаде Дачиќ.
Реакцијата на Дачиќ, уследи по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека „опозицијата го сонува македонското сценарио“, како и дека „тие (опозицијата) фантазираат за преодна влада…а Србија не е банана држава“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите