И денеска бомби
Продолжува објавувањето на т.н. „бомби“ на социјалните мрежи. Овој пат, на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ осамнаа разговори помеѓу носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев и пораншениот министер за транспорт, Миле Јанакиевски.
Станува збор за вкупно пет разговори, во кои двајцата договараат чартер летови, за како што велат, „нашите“ од Тревизо и Цирих.
Тие дискутираат колку авиони ќе бидат потребни и колку ќе чинат чартер летовите.
-Шефе, Цирих – Охрид – Цирих, значи од Цирих, не од Базел, 60 илјади евра со едно одење. Тревизо – Охрид – Тревизо, бидејќи се 260 луѓе, еден авион треба на две тури да ги однесе по 130-140 луѓе. Тоа е 130 илјади евра, вкупно е 190 илјади евра. Што да правам, јасно и гласно?, Јанушев го прашува Јанакиевски.
Јанакиевки понатаму прашува што се случило со некои документи и хартии, на што Јанушев одговора: „Да, да, кај Нада ги оставивме, требаше да ги уништат, сега не знам денес-утре, кога ќе ги уништуваат“.
Но овие „бомби“ не се единствените кои денеска се појавија на Јутјуб. Овој пат, не станува збор за разговори, туку за снимка на каналот „Боки и Другарките“. Видеото најверојатно е снимано во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на коe се гледа како во дневната соба седат Боки, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и една жена за која на социјалните мрежуис е пишува дека е актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар