И денеска пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи, особено на југот.
Температурата ќе се движи од седум до15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 11 степени.
Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.
Ново на Сител
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
