Македонија
21. March 2020 - 8:10

И денеска стабилно и топло време

Денес ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места, каде ќе се формира снежна покривка.

Во понеделник и вторник врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места.