ОН: И двете страни во битката за Алепо извршиле воени злосторства
Сириските безбедносни сили минатата година напаѓале цивили во Алепо со отровен гас хлор, се наведува во извештајот на Истражната комисија на Обединети нации, објавен еден ден откако Кина и Русија ставија вето во Советот за безбедност на ОН против предлог резолуцијата за воведување санкции кон Сирија, поради наводна употреба на хемиско оружје.
Извештајот, што е претставен пред Советот на ОН за човекови права во Женева, се повикува на очевидци, лекари и видео снимки, според кои стотици цивили настрадале од хемиски бомби во септември и во декември минатата година во Алепо.
- Земајќи предвид дека сите објавени инциденти се резултат на фрлени бомби од воздух, се заклучува дека таквите напади се извршени од сириското Воено воздухопловство, тврдат истражителите.
Во извештајот се наведува дека еден маж и едно 13-годишно девојче починале по хемискиот напад на шести септември, а кај голем број луѓе биле регистрирани потешкотии при дишењето.
Истражувањето на ОН утврдиле дека и двете страни во битката за Алеопо извршиле воени злосторства.
Се наведува случајот кога сириското Воено воздухопловство бомбардирало конвој со хуманитарна помош, при што загинале 14 хуманитарни работници. Во секојдневните воздушни напади од сириски и руски авиони врз квартови во Алепо што биле под контрола на бунтовниците, во периодот од јули до декември минатата година загинаа стотици лица и уништени се болници.
Во густо населените квартови се фрлани касетни бомби, но истрагата не може да утврди кој е одговорен за тоа - руското или сириското воено воздухопловство.
- Провладините сили со најмалку 5.000 борци го држеа под опасада источниот дел на Алепо, служејќи се со тактиката предај се или гладувај, се посочува во извештајот.
Но, во извештајот се наведува и дека при нападите на опозициските сили врз западниот дел на Алепо загинале или се повредени десетици цивили. Бунтовниците не им дозволувале на цивилите да побегнат во источно Алепо, користејќи ги како жив штит и напаѓале станбен курдски кварт.
- Тие две дејствија се воени злосторства, заклучуваат експертите на ОН.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец