Живот
27. October 2016 - 11:04

И го вратија видот со специјални очила: Слепа жена првпат го виде своето бебе

Дваесет и деветгодишната Кејти Бајц благодарение на специјалните очила „eSight“ успеа да го види своето бебе и да заклучи дека малото момче впрочем личи на неа во усните и дека има исти прсти на нозете како неговиот татко.

Кејти има значително оштетен вид, па токму затоа вели дека ова е воопшто првото бебе кое го има видено во својот живот.

Нејзината реакција, дефинитивно ќе допре и до вашите срца.