Џет-Сет
3. July 2016 - 14:30

И големите луѓе плачат, солзи во очите на Буфон

Еден од најдобрите голмани на денешнинаа и секако еден од најдобрите на сите времиња, Џиџи Буфон со солзи го напушти тереност синоќа по поразот на Италија од Германија во четвртфиналето на ЕП.

Буфон во пенал серијата даде се од себе, успеа два пати добро да интервенира, но последниотпенал му помина низ раце и Германците можеа да слават.

По завршувањето на мечот капитенот на Италија не можеше да ги сокрие солзите поради киксот и поразот на неговата екипа, а најверојатно ова е и негово простување од репрезентативниот дрес.