И ирачкиот претседател тврди дека незаконско е присуството на турската војска во Ирак
Претседателот на Ирак Фуад Масум изјави денеска дека испраќањето на повеќе стотина турски војници на северот на Ирак, во близина на градот Мосул, претставува „кршење на меѓународните норми и закони“ и предупреди дека тој потег ќе ги зголеми регионалните тензии.
Масум, во соопштение објавено на Интернет, ја повика Турција да ги повлече своите сили од Ирак и побара од ирачкото Министерство за надворешни работи да ги преземе неопходните мерки за да го заштити суверенитетот и независноста на земјата.
Претходно и ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ја повика официјална Анкара „веднаш да ги повлече своите сили“, вклучувајќи ги и тенковите и артилеријата, кои без согласност на официјален Багдад ги распоредила во северниот дел на земјата, соопшти неговиот кабинет.
Околу 150 турски војници се стационирани во реонот на градот Башика за да помогнат во обучувањето на силите на ирачките Курди.
Аналитичарите во Багдад посочуваат на необичната ситуација- Турција да има добри односи со курдската автономна област во Ирак, но крајно непријателски да се однесува кон Курдите во Сирија, во близината на сириско-турската граница.
Паѓањето на Мосул, вториот по големина град во Ирак, се означува како клучен момент за подемот на ИД.
Ирачката армија најавуваше офанзива за ослободување и преземање назад на Мосул, но таа на неколкупати беше одложувана.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст