Џет-Сет
28. September 2016 - 20:19

И Мадона како Кети Пери: Голи и дадоа поддршка на Хилари Клинтон/ 18+

За да ги поттикне фановите да гласаат за Хилари Клинтон, пејачката Кети Пери се соблече, а истото го направи и нејзината постара колеѓка Мадона.

Кети им порача на сите да не го следат нејзиниот пример и на гласање да одат облечени. Веднаш по Пери, кралицата на попот одлучи да ја поддржи Клинтонка на ист начин. Таа објави фотографија во која позира топлес.

-Јас ќе гласам за интелигенција. Ќе гласам за еднакви права на жените и сите малцинства. Жените управуваат со системот, а сега мораат да истапат и да се поддржат една со друга. Излезете и гласајте, напиша Мадона и додаде дека ќе гласа со колешката.

-Гласам гола со Кети Пери! Гласајте за Хилари! Таа е најдоброто што го имаме!, напиша пејачката во описот на фотографијата која покрена сомнеж дека овој тренд ќе продолжи и меѓу другите што ја поддржуваат кандидатката на Демократската партија.