И мртва ја удирал со палка: Јелена ја убил манијак од Фејсбук

Социјалните мрежи што ги користела сурово убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ (33) во Борча, од вчера се под будното око на инспекторите за високотехнолошки криминал.
Постојат сомнежи дека на несреќната жена ѝ пресудил манијак од Фејсбук, кој повеќепати ѝ се заканувал и чекал вистински момент за да ја убие. Според резултатите на обдукцијата убиецот ја усмртил пејачката со околу 30 удари во главата, а најверојатно со дрвена палка. Вештаците веруваат дека веќе по петтиот удар била мртва…

Вчера била сослушана и пејачката Нада Топчагиќ, блиска пријателка на убиената, бидејќи постојат индиции дека нејзините сознанија нможат да помогнат во ситагата. Таа знаела за заканите, но ниту таа ниту Јелена не ги сфатиле сериозно. Според Нада, двете дури и им се смееле на пораките, зашто мислеле дека некој се шегува или само дека е некој кој ѝ е љубоморен на Јелена за успесите во кариерата.
Профил на убиецот: Нарцис кој убива од омраза
Криминологот Златко Николиќ тврди дека се работи за злосторство до страст, што потврдуваат и резултатите од обдукцијата.
– Според она што го видов, нема место за паника, ова е убиство од страст со огромно количество омраза, зашто вака убиваат главно оние на кои им е криво огледалото, односно оние на кои им е невозвратено нешто за што сметаат дека имаат право и дека им припаѓа, објаснува криминологот Златко Николиќ.
Тој додава дека луѓето како несреќната пејачка се предодредени да бидат жртви, зашто се експонирани на социјалните мрежи и нагласува дека убиството на Јелена било планирано и одработено со голема омраза.
Според профилот што го изработи криминологот, убиецот ги има овие карактеристики:
– нарцисоиден
– на возраст од 25 до 45 години
– го следел движењето на Јелена
– ѝ ги знаел навиките
– најверојатно лично се познавале
– веројатно немал помагач
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
