И професијата има влијание – кои жени најмногу изневеруваат
Многу фактори влијаат врз тоа дали партнерот ќе не изневери – незадоволство, привлечност од друга личност, одмазда…Новото истражување покажа дека меѓу факторите, кои влијаат на неверството е и професијата на човекот.
„Illicit Encounters“, веб страница за состаноци од Велика Британија, наменета за луѓе во брак, проучила десет илјади профили на своите корисници.
Резултатите од истражувањето покажале дека 20 отсто од жените, кои имале профил на страната признале дека се осамени, а 27 отсто признале дека имаа силен сексуален нагон.
Дваесет отсто од нив како свое занимање навеле – домаќинка.
Кристијан Грант, од оваа компанија, додава дека женската желба за неверство, особено кај домаќинките, е одраз на чувството на запоставување и копнежот по нешто подлабоко и повозбудливо. Типичната жена, која се впушта во прељуба на тоа не е поттикната од ароганција, его или помама, туку од нејзината осаменост и незадоволството од бракот.
Домаќинките често се осамени во домовите, а кога мажот ќе дојде и натаму се чувствуваат запоставено.
Кога станува збор за мажите ситуацијата е спротивна. Високи, богати и интелигентни мажи се впуштаат во прељуба поради своето его и ароганција.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи