-->
-->
И Роналдо ќе го „папа“!!!
-->

Најдобриот играч на мадридски Реал, Кристијано Роналдо би можел да биде обвинет за затајување на данок, откако шпанскиот јавен обвинител поднел барање за спроведување на истрага до даночните власти во Мадрид.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Роналдо се сомничи дека во периодот од 2011 до 2014 година затаил околу 15 милиони евра.
Во декември минатата година, во јавноста се појавија документи во кои се тврди дека Португалецот на оф-шор сметки во странство ги сокрил парите кои ги заработил од авторските права.
Роналдо тогаш ги негираше обвинувањата, но дури сега обвинителот го направи првиот чекот во истрагата. Тогаш исто така беше откриено дека данок затајувал и сегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
Инаку во средата Врховниот суд на Шпанија му ја потврди затворска казна на Лионел Меси во времетраење од 21 месец исто така поради затајување на данок. Аргентинецот нема да оди во затвор бидејќи според законот во Шпанија, сите казни помали од две години се третираат како условни.
За слични прекршоци во Шпанија се водат и постапки против Фабио Коентрао и Радамел Фалкао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Две лица активирале противпожарни апарати во казино при што гостите почнале да се гушат
-

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп, Швеѓанка при слетување скршила нога
-

Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
