Македонија
11. August 2016 - 17:49

И СДСМ на терен со помош за настраданите

Продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните во поплавените подрачја.

Заменик претседателката Радмила Шекеринска заедно со волонтери и активисти на партијата денес ги посети реоните во Стајковци, Ченто и Инџиково.

Хуманитарната помош за граѓаните се состои од вода, прехранбени продукти, материјални и хигиенски производи.

Активностите се поддржани од механизација и специјални возила за расчистување на отпадот.

Испорачувањето помош продолжува утре во останатите населени места во општината Гази  Баба.