Македонија
26. February 2024 - 16:43

И Силјановска Давкова и Пендаровски ќе се кандидираат со граѓански потписи

На 11мината што веќе собираат потписи за да станат претседателски кандидати, од недела ќе им се придружат и двајцата фаворити на изборите. Преку 10 илјади граѓански потписи ќе се кандидираат и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ иако само тие ја имаа привилегијата да влезат во претседателската трка со поддршка на 30 пратеници.

Силјановска Давкова собирањето на потписите ќе го почне во недела на 3 март, веднаш по Конвенцијата за нејзината официјална потврда ден претходно. Пендаровски пак, собирањето потписи ќе го направи на почетокот на наредната недела, исто така  по неговата Конвеција.

 „Трети март е денот кога очекувам за неколку часа да бидат собрани потписите. За динамиката на потенцијалните проитвкандидати би рекол дека имаше политички опции кои со недели креираа кампања дека за еден ден, за неколку часа, ќе ги собират потписите, но поминаа неколку дена, а тие едвај дали се до половина или близу до половина. Тоа е јасна порака од народот. Згрозен сум од информациите од терен, дека се даваат пари, се плаќа за потписи, некои се документирани и предадени до МВР за натамошно постапување“

Од денеска поинтензивно почнуваат да се собираат потписи и за Арбен Таравари, како кандидат на албанската опозција „Вреди“.  Пораката да се активираат поддржувачките ја испрати лидерот на Демократско движење изет Меџити кој денеска го даде својот потпис за таравари.

  „Мислам дека натпреварот ќе биде со македонска страна. Според околностите што ги гледаме и анкетите што ги читаме, тој сигурно ќе биде кандидат на ВМРО, но тоа го оставаме на македонската страна. Фокусирани сме на албанскиот електорат“.

Од официјалниот податоци на ДИК, заклучно со вчера најнапред во процесот е кадидатот на ДУИ Бујар Османи со над 8.500 потписи. Од ДУИ очекуваат тој до крајот на овој ден да гио собере сите потписи и да стане првиот официјален кандидат за шеф на државата.

По него следуваат Максим Димитриевски од ЗНАМ со околу 6 илјади потписи и професорката Билјана Ванковска како кандидат на Левица со собрани околу 4, 5 илјади .  Стевчо Јакимовски од ГРОМ има собрано речиси 4 илјади шпотписи, а Таравари засега само 1.500. Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот сојуз собрала нештио над 500 потписи, инфектологот Вело Марковски околу 400, Ѓорѓи Манасков 93потписа, Зорица Цветковска – 74,  Господин Пописки кој имаше побид и во 2019 година собрал смао 10 потписи, а Томе Николовски ниту еден.