Македонија
5. April 2024 - 16:27

И трудници и баба примиле ДиТеПер за возрасни

Баба на 72 години, две трудници и маж  се единствените четворица кои засега примиле ДиТеПер за возрасни во скопскиот Центар за јавно здравје. На располагање има 50 дози кои  стигнаа во земјата еден месец по прогласувањето на епидемија на голема кашлица во главниот град. Пертусис кај 30 или 40 годишни не прави тешка клиничка слика велат лекарите, но имунизацијата кај нив помага да бидат заштитени новороденчињата.

-Има четворица досега, тие првенствено се за бремени во третиот триместа кои претхнодно не биле вакцинирани со ДиТеПер. Не очекувам голем интерес, но првенствено, интерсот е да бидат заптитени најмалите, вели д-р Бесим Зеќири, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Во Скопје бројот на заразени достигна 331 и само денеска биле евидентирани 8 нови случаи со голема кашлица. Епидемија има и во Куманово а состојбата е загрижувачка и во Тетово и Битола каде исто така има двоцифрен број на потврдени со пертусис.

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки а интересот за вакцинација кај деца кои имаат пропуштени дози со ДиТеПер е опаднат изминатиот периор. Се уште има илјадници кои ја немаат примено првата ревакцина а она што ги загрижува педијатрите и епидемиолозите е и одложувањето на вакцинацијата со МРП.