И вчера не е издадена ниту една потврда за барање азил
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера не се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Врз основ на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18 јуни минатата година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.
Од 1 јануари до 11 март оваа година се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
До Секторот за азил од почетокот на годинава до 11 март барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa, од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Започнува контролата на сите кабареа, дискотеки или ноќни клубови
-
Притвор за Бектеши
-
Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените
-
ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК
-
Авиoн на грчкoтo воeно воздухопловство вечервa од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
-
Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
-
Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија
-
Српскиот град Чачак на ЛЕД екраните низ градот го истакна македонското знаме