-->
-->
Иан Мекгрегор ќе глуми во продолжението на хорор класиката „The Shining“
-->

Шкотскиот актер Иан Мекгрегор ќе глуми во филмската адаптација на романот „Д-р Слип“ од Стивен Кинг, што е продолжение на хорор класиката „Сјаење“, којашто во 1980 година беше екранизирана од режисерот Стенли Кјубрик, со Џек Николсон во главната улога.
Во вториот дел од приказната, детето (Мекгрегор) што го преживеа лудилото на неговиот татко убиец, сега е возрасен човек, но почнува се повеќе да наликува на таткотп, со истите знаци - нескротлив бес и проблеми со алкохолот.
Ворнер Брос веќе неколку години го подготвува овој проект, како и филм кој ќе претставува вовед во „Сјаење“.
Премиерата на филмот е закажана за 24 јануари 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
