-->
-->
Ибра за 15 милиони во Јунајтед
-->

Манчестер Јунајтед му понудил 15 милиони евра за едногодишен договор на Златан Ибрахимовиќ, тврди француското радио РМЦ. Шведскиот репрезентативец од 1.јули ќе биде слободен играч, тој најави дека нема да остане во ПСЖ, а се шпекулира дека има финасиски богати понуди од Кина и од САД (ЛА Галакси).
Изминатите неколку месеци еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Златан Ибрахимовиќ, се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде го очекуваат и доаѓањето на Жозе Мурињо, но прашање е дали напаѓачот и тренерот ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ откако стана јасно дека Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите.
Ибрахимовиќ во текот на својата кариера играч за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан, а за четири сезони во ПСЖ постигнал 154 голови на 179 одиграни натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
