Фудбал
7. February 2021 - 19:19

Ибрахимовиќ ја помина границата од 500 гола на клупско ниво

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец на денешниот меч со Кротоне во 21. коло на италијанскиот шампионат.

Милан победи со 4:0, а Швеѓанецот погоди во 30. и 64. минута.

Ова беа 500-ти и 501-ви гол во кариерата на Ибрахимовиќ на клупско ниво.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец има играно и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.