-->
-->
Ибраими во судир со Заховиќ
-->

Како што пренесуваат словенечките медиуми, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими во петокот го напуштил кампот на ФК Марибор откако влегол во судир со директорот на клубот Златко Заховиќ.
Во својата изјава Ибраими потенцира дека виновен за ваквата состојба е Заховиќ кој постојано го навредувал и им се заблагодарил на навивачите за постојаната поддршка.
Ибраими не играше викендов против Домжале за Марибор кој е на второто место на табелата во Словенија со два бода помалку од Олимпија.
Дали тоа значи дека официјално Ибраими заминува од тимот во кој игра подолго време останува да се види.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
