ИД ја презеде одговорноста за нападот во Сан Бернандин
Терористичката организација Исламска држава преку својата интернет радио станица соопшти дека нивни двајца следбеници во средата го извеле нападот во центарот за социјална грижа во Калифорнија, при што се убиени 14 лица.
Напаѓачот од Калифорнија, кој заедно со неговата сопруга во Сан Бернендин уби 14 лица, имал контакти со најмалку две милитантни исламистички организации. Една е сириската подржница на Ал Каеда, а втората сомалиската група Ал Шабаб.
Како што јавија американските меидуми, поаѓајќи во крвавиот поход, неговата сопруга, мајка на шестмесечно бебе, се законала на лојалност на т.н. Исламска држава, објавувајќи порака на социјалните мрежи.
Истрагата за пукотницата е преквалификувана во истрага за терористички чин. Двојката е убиена додека бегале со автомобилот.
Ново на Сител
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот