-->
-->
ИД ја презеде одговорноста за убиството на 16 годишно момче во Хамбург
-->
Терористичката органзиација „Исламска држава“ (ИД) ја презеде одговорноста за смртта на 16 годишно момче кое што беше убиено во Хамбург пред 2 недели.
Според информацијата која што ја пренесуваат германските медиуми за нападот е одговорен „Војник на ИД“ кој што од зад грб неколку пати го прободел момчето, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Весникот „Билд“ пишува дека парот во време на нападот стоел на мост од кој напаѓачот на возраст од 23 до 25 години ја турнал девојката во вода по што избегал а преживеаната девојка ја информирала полицијата.
Признанието за предизвиканиот инцидент во Хамбург ИД го објави преку новинската агенција „Амак“ која што се смета за официјална агенција на терористичката организација. Според агенцијата „Војникот на ИД спровел операција како одговор на повиците за напади на граѓани на земјите членки на коалицијата која што се бори против ИД“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.