ИД подготвува напади во Германија
Џихадистичката група Исламска држава сака да изврши напади во Германија и безбедносната ситуација во земјата е „многу сериозна“, предупреди шефот на германската разузнавачка агенција Ханс Георг Масен.
Тој во интервју за германскиот весник „Велт“ истакна дека моментно не се познати информации за било какви конкретни планови за терористички напад во Германија.
Масен изјави дека пропагандата на ИД е насочена кон охрабрување на приврзаниците да преземат иницијатива за организирање напади во Германија.
Првиот разузнавач нагласи дека се познати неколку случаи во кои се поврзуваат Германци, кои се вратиле од Сирија, со планови за напад и предупреди дека опасноста, која ја претставуваат џихадистите од Германија, е „заразна“.
Запрашан колку исламисти во Германија се сметаат за „многу опасни“, Масен одговорил дека околу 1.100 претставуваат потенцијална опасност од тероризам.
- Посебно сум загрижен поради многубројните малолетници без придружба, бидејќи ова е целна група, додава Масен, истакнувајќи дека постои „голем потенцијал за радикализација“.
ИД неодамна објави снимка во која наведува дека по терористичките напади во Париз и Брисел, би можела да изврши напади и во други западни земји, а како потенцијални мети ги наведе Лондон, Берлин и Рим.
Ново на Сител
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден