ИД пушти во оптек сопствена валута

Џихадистичката група Исламска држава пушти во оптек сопствена валута, која би требало да биде користена како платежно средство на териториите под нејзина контрола, јави ДПА.
Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, ИД има наредила на сите трговци, пред се на оние со нафта и нафтени деривати, при плаќање на ја користат новата валута наречена златен динар.
Во менувачниците и банките на териториите под контрола на ИД еден златен динар се менува за 190 американски долари.
Борците на ИД контролираат поголем дел од источна Сирија, како и територии во северен и западен Ирак. На територите под нејзина контрола во овие две блискоисточни земји ИД во јуни 2014 година прогласи „Исламски Калифат“, чија неформална престолнина е сирискиот град Рака.
Ново на Сител
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
