Спорт плус
16. April 2023 - 20:00

Иџе успешно ја започна новата сезона

Игор Стефановски Иџе, Најдобриот македонски автомобилист, Успешно започна нова сезона на ридските патеки во Европа. 
На премиерниот настап  од европскиот шампионат кој се одржа во Франција , Стефановски  во генералниот пласман во силна конкуренција го освои третото место и тоа благодарение на одличното возење во првата трка кога постигна најдобро време во мошне силната конкуренција.  За овој шампионат се пријавени дури 190 натпреварувачи а меѓу нив и Иџе како единствен Македонец.