-->
-->
Игор Џамбазов со мотивирачка порака до македонските ракометари
-->

Македонската ракометна репрезентација влезе во втората фаза на Европското првенство. Нашите ракометари ги чекаат три тешки натпревари.
Против Хрватска играме денес во најдоцниот термин 20:30 часот, по што на 25-ти се среќаваме со Норвешка, дуелот стартува во 18:15 часот. Последната средба ја играме против Белорусија во 16 часот.
За вечерашниот натпревар шоуменот Игор Џамбазов им упати мотивирачка порака на ракометарите.
„Цел ден мислам на Хрватите. Односно, на нашите. Најпрецизно, цел ден мислам на нашите против Хрватите.
Како се игра против подобар од себе?
Како Давид го победува Голијат?
Како Обрван ќе го постави тимот?
Која ќе биде тактиката?
И мислејќи така, ми текна на можеби најмотивирачката реченица која еден тренер може да им ја каже на своите играчи пред важниот меч. Јас сум ја слушнал во живо. Им ја изговори легендарниот фудбалски голман Благој Истатов на играчите на ФК Дојранско езеро пред мечот со Вардарски од Богданци, во соблекувалната:
“Ако не сакате да не ебат, најарно е ние да си ги ебеме…“
Оти, нема друго…“

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
