Играчки и постелнина донирани на детското одделение во Штипската клиничка болница
Учениците од прво, второ и трето одделение од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип денеска донираа играчки и постелнина на децата кои се хоспитализирани на детското одделение во штипската Клиничка болница.
Наставничката Соња Петрова од училиштето истакна дека учениците една недела ги собирале играчките и постелнините за децата, а акцијата е реализирана под мотото „Децата за децата“.
- Децата одделија од своите детски играчки, перничиња, постелнини за болните деца со желба за нивно побрзо оздравување и весел детски живот, рече Петрова.
Учениците им подарија играчки и постелнина на децата на детското одделение посочија дека сакаат децата побрзо да оздрават и да можат како нив да си играат и учат на училиште.
Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска истакна дека учениците од ОУ „Гоце Делчев“ по повод Светската недела на детето покажале хуман гест кон децата кои се хоспитализирани на детското одделение.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно