-->
-->
Играше за Реал сега го бара Барса?!
-->

Германскиот фудбалски репрезентативец, 27-годишниот Месут Озил, ова лето би можел да се врати во Шпанија, но не во редовите на Реал Мадрид чиј дрес го носеше три години, туку во неговиот најлут ривал европскиот шампион Барселона.
Според пишувањата на шпанските спортски весници, Барселона му понудила на лондонски Арсенал три играча, во замена за Месут Озил. Каталонците, наводно, ги нудат Сандро, Мунир и Арда Туран,
Арда Туран Барселона го купи од Атлетико Мадрид во јули 2015 година за 35 милиони евра, но поради забраната за трансфери, турскиот играч стина на „Камп Ноу“ во јануари годинава. Досега оствари 17 настапи, но на повеќето влегуваше од клупата за резервни играчи. Иако пристигна како големо засилување, според фудбалските стручњаци досега не ги оправдал високите очекувања.
На Каталонците работата може да им се изјалови, бидејќи Реал Мадрид може да го купи Озил за 45 милиони евра. Германскиот репрезентативец, кој игра на речиси истата позиција како Арда Туран се пресели во Арсенал во септември 2013 година за 50 милиони евра.
Досега за лондонските „топчии“ Озил одигра 110 натпревари на кои постигна 19 голови, додека за селекцијата на Германија одигра 70 мечеви и постигна 18 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
