Фудбал
15. July 2016 - 10:43

Игуаин во Јувентус за 94 милиони?!

Бура во италијанскиот фудбал откако медиумите на Апенинскиот полуостров објавија дека Јувентус го купува најдобриот стрелец во првенството Гонзало Игуаин. 

Според оваа вест шампионот одлучил да ја активира откупната клаузула од договорот на Аргентинецот со Наполи. 
Тоа значи дека „Старата дама“ го ослабува директниот конкурент во битката за титулата откако Аргентинецот минатата сезона постигна 36 погодоци.
Според оваа информација Игуаин ќе потпише 4 годишен договор со годишна пласта од 7,5 милиони евра.