-->
-->
ИЈЗ: Регистрирани 535 заболени од грип
-->
Во текот на изминатата недела (од 14 јануари до 20 јануари) се регистрирани 535 заболени од грип, што е зголемување за 90,4 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 281 заболен од грип, се наведува во извештајот, што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.Активноста на вирусот на грип, како што се посочува, е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Најголем број заболени (416) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 31 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (183) каде е регистрирана и највисока инциденца 152,8 на 100.000 жители.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.230.
Изминатата недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 25 материјали за тестирање на грип, од кои седум (28 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – пет Influenza A(H1N1)pdm09, еден Influenza A(H3) и еден Influenza A несубтипизиран
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
