Македонија
29. January 2026 - 19:45

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет

Втора недела по ред има помалку болни од грип. Според последната анализа на ИЈЗ во првите денови од почетокот на второто полугодие пријавен и се 1700-тини случаи што е за 17 проценти намалување од неделата претходно додека децата беа на распуст, но бројот е помал и од истиот период минатата недела. Од институтот се категорични дека многу е рано да се каже дали сме го поминале пикот.

- Во текот на четвртата недела од 2026 година продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална географска активност на вирусот на грип, изјави Науч. сор. д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Според извештајот на ИЈЗ од вкупниот број пријавени случаи со грип над 400 се деца до 14 години.

- Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, рече д-р Андоновска.

Оваа сезона од вкупно 10.000 пријавени случаи со грип и заболувања слични на грипот речиси 8000 се во јануари.