ИЈЗ: За една недела регистрирани 74 заболени од грип

Од 19 ноември до 25 ноември во Република Македонија се регистрирани 74 заболени од грип, што е намалување за 14,9 отсто споредено со предминатата седмина (од 12 ноември до 18 ноември) кога беа регистрирани 87 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.
Најголем број заболени (47) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 8,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени, 12, се пријавени од Центарот за јавно здравје Струмица.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 344. Споредено со истиот период од минатата сезона кога биле регистрирани 525 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 34,5 отсто.
Ново на Сител
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
-

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремен дожд, на планините врнежи од снег
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
