ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, министрите и замениците ќе се знаат по Водици

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Извршен комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ова партиско тело на опозициската партија. Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да се донесе одлука да се овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.
ИК завзема став да се воздржи од гласањето за техничката влада, а Муцунски одговарајќи на новинарско прашање рече дека за министрите и замениците министри од нивната партија за техничката влада ќе се знае после Водици.
-Причината поради која Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација, од криминал до корупција. Нема нерегуларност која не е направена од страна на оваа власт. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Поради сите овие причини, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ завзема став да се воздржи од гласање на техничка влада која под водство на Талат Џафери и ДУИ нема никаков легитимитет, рече Муцунски.
Прашан има ли краен рок до кога ќе биде донесена одлуката за министрите кои ќе бидат во техничка влада, Муцунски одговори дека одлуката ќе биде донесена до крајот на јануари.
-Апсолутно крајните рокови ќе бидат роковите кои што се врзани до моментот кога ќе треба да се изгласа таа влада, а тоа е крајот на месецот јануари, но очекувам и од таа најава која што ја имаме во внатрешните дискусии, дека по празникот Водици веројатно ќе има веќе некоја поголема извесност за тоа кои ќе бидат и двајцата министри и тројцата дополнителни заменици министри, рече Муцунски.
Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата. Исто така, Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски информираше и дека Извршниот комитет донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи.
-Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и за Ковачевски кои се директно виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи, рече Муцунски.
Со овие одлуки, според него, ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува.
Ново на Сител
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
-

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење
-

Во заедничка акција згрижен повредениот пеликан во Дојран, си доби мандра за престој и редовен оброк | ФОТО
