Македонија
22. July 2022 - 8:42

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум за преговарачката рамка, следуваат консултации за формулацијата.

Референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ.

Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно.

Протоколот кој е дел од преговарачката рамка ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација.

Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на истиот.

По завршување на консултациите ќе се спроведе истиот. Народот ќе може да каже гласно НЕ за бугаризација.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ