Иконому: Грција е петти туристички бренд во светот
Грција е петти туристички бренд во светот. Податоците од крузерите се импресивни. Индикативно, според солунското пристаниште од 180 отсто колку што беше зголемувањето пред неколку седмици, зголемувањето веќе е 250 проценти, напиша на „Твитер“ портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретната информација за крузерите ја соопшти министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас говорејќи за грчката телевизија „Скај“ и истакна дека пристигнувањата на пристаништето во Солун се зголемени за речиси четири пати во споредба со минатата година.
Зголемување бележи и грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, која соопшти дека во мај имале над еден милион патници во меѓународната и домашната мрежа, 208 отсто повеќе од лани, а 18 проценти помалку од 2019 година, односно летото пред пандемијата.
Ново на Сител
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
