Македонија
4. January 2022 - 16:37

Илиевски: Реално е да се очекува скопјани за две години бесплатно да се возат со јавниот превоз

Ниту ударот од ковид кризата ниту лошата финансиска состојба во која се наоѓа ЈСП не се пречка за сите граѓани да добијат бесплатен јавен превоз, уверува новиот в.д директот на претпријатието Иван Илиевски. Предизборното ветување на градоначалничката Арсовска ќе стане реалност за 2 години од сега. 

Бесплатно во автобус ќе можат да се качат жителите на Скопје, но ќе треба да поседуваат и персонализирана картичка. До тогаш, директорот останува да ги решава проблемите кои ги наследи од неговиот претходник но и оние кои ги наметна пандемијата. Се надева на помош од Владата. 

Доколку Владата остане глува на барањата на ЈСП, а градот не даде дополнителни субвенции, во тој случај би се редуцирал возниот ред, вели Илиевски. Тој уверува дека овој начин на штедење би била последна опција, а автобуската карта во никој случај нема да поскапи.  

Во моментов како што кажа Илиевски, претпријатието има обрвски кон добавувачите од околу 250 милиони денари, од кои најмногу, 180 милиони се за гориво за автобусите. Посочи и дека од „наследени“ 230 возила, сега технички исправни се 267 автобуси.  Инаку годинава во вредност од 10 милиони евра почнува исплатата на кредитниот заем од Европската банка за обнова и развој  за новите автобуси.