Илјадници бегалци заминуваат од Нагорно Карабах кон Ерменија

Илјадници етнички Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах и заминаа во Ерменија откако Азербејџан воспостави контрола над регионот, соопшти денеска владата во Ереван.
Досега во Ерменија се регистрирани 2.906 бегалци. Вчера бројката изнесуваше околу 1.000.
Околу 1.100 добија итно засолниште од ерменската влада, а уште 1.000 нашле сопствено сместување.
Неодамнешната воена операција на Азербејџан за преземање контрола врз Нагорно-Карабах ги принуди етничките Ерменци да го напуштат регионот, кој долго време е оспоруван меѓу двете поранешни советски републики.
Тој е меѓународно признаен како дел од Азербејџан, но има ерменско мнозинско население кое сега се плаши за својата иднина, што ги натера многумина да се упатат кон соседна Ерменија, пренесе ДПА.
Главниот град во регионот, Степанакерт, исто така, забележа прилив на бегалци од други области на Нагорно-Карабах, јавија медиумите, кои предупредија на хуманитарна вонредна состојба. Повеќемесечната блокада на регионот од страна на Азербејџан им остави недостиг од храна и лекови.
Ново на Сител
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
