Илјадници Индонезијци повторно протестираат против одлуката на Трамп за Ерусалим

Околу 10.000 Индонезијци се собраа на протестен митинг пред амбасадата на САД во Џакарта во поддршка на Палестинците и осудувајќи ја одлуката на претседателот Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Амбасада на САД, оди си од Ал Кудс", „Ослободете ги Ерусалим и Палестинците", „Ние сме со Палестинците" и „Палестина е во нашите срца". Ал-Кудс е арапското име на Ерусалим.
Денешниот протест, организиран од исламистичката Партија на правдата и просперитетот, е вториот откако Трамп ја објави одлуката во средата.
Претседателот Џоко Виду остро го осуди овој чекор на Трамп, кој беше опишан како прекршување на резолуциите на ОН.
Индонезија, како земја со најголемо муслиманско население во светот, одамна силно ги поддржува Палестинците и нема дипломатски односи со еврејската држава.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
